Големите количини алкохол го попречуваат намерното зачнување

На сите ни е познат фактот дека алкохол не смее да се консумира за време на бременоста. Но, која е препораката за периодот на природно зачнување?

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести спроведе истражување кое покажа дека речиси три од четири жени пијат алкохол и кога планираат да забременат. Но, мигот на зачнување не е егзактна наука. Како што велат стручњаците, идната трудница нема да добие порака „престанете да пиете“ кога спермата ќе се сретне со јајце-клетката.

Обилната употреба на алкохол може да го наруши и менструалниот циклус, што може да ги попречи намерите за зачнување. Затоа, препораката е сите жени кои се обидуваат да забременат, целосно да се воздржат, или барем да го намалат внесот на алкохол.

Медицинските групи, вклучувајќи го Американскиот колеџ за акушери и гинеколози, препорачуваат идните мајки да не пијат алкохол иако тешко се достапни цврсти податоци за опасностите од употребата на алкохол во бременоста (под претпоставка дека ниеден истражувач не би изложил бебе на опасност во име на науката). Истражувањата покажуваат дека дури и умереното консумирање алкохол за време на бременоста може да доведе до вродени аномалии и потенцијално можно доживотно физичко, ментално и оштетувања на однесувањето на детето.

Што значи, заклучокот е дека алкохолот треба да го исфрлите од вашата консумација, ако имате намера за успешно зачнување.