
Големи зимзелени дрва паднаа врз паркирани автомобили попладнево на улица во Кисела Вода кај средното економско училиште „Васил Антевски – Дрен“.
Според првичните информации дрвото го попречува сообраќајот, а се чувствува мирис на изгорен кабел, но нема активен чад.
За среќа, за време на инцидентот немало луѓе во близина и според првичните информации нема повредени.
За настанатата состојба известени се полицијата и службите на ЈП Паркови и зеленило. Од МВР треба да направат увид на местото на настанот а екипа од ЈП Паркови и зеленило треба да го отстрани дрвото од коловозот.