Голема акција за садење дрвја во општина Кисела Вода заедно со славните личности

Голема акција за садење дрвја во општина Кисела Вода заедно со славните личности. 

Сашко Коцев, Андреј и Панчо од ДНК, Димитар Атанасовски, Сара Мејс, Наум Петревски, 2Бона, Зуица Лазова, Борко Ристовски, Ефто Пупиновски се само дел од јавните личности кои ја поддржаа оваа еко акција. 

-Драги мои сограѓани, време е да направиме нешто добро. За себе, за нашето семејство, за нашиот дом, за нашата Кисела Вода! Сакам од срце да се заблагодарам на јавните личности кои ја поддржаа оваа наша кампања, да се заблагодарам на нашите естрадни уметници, водители, актери, спортисти кои придонесоа сѐ ова да изгледа толку прекрасно. Ние се обединивме, придружете ни се! - порача првиот човек на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Акцијата за садење се реализира денеска од 10:00 часот во:

-паркот ,,Иднина"

-на трим патеката

-на Теферич

-кај новата градинка во Усје

-во паркот на Есенинова

-во парк Македонија!

 Да засадиме со љубов, за Кисела Вода! - е мотото под кое се работи во оваа скопска општина.