Голема акција за расчистување на Автокоманда, ќе се чисти и во други делови на Гази Баба

Вчера во Гази Баба се реализираше голема акција за расчистување на Автокоманда.

- Во текот на денешниот ден дел од нашите екипи интензивно работат на расчистување на подрачјето на н. Автокоманда. Акцијата во следните денови ќе продолжи и во другите населени места. Чистата и здрава животна средина е еден од главните приоритети на Јавно Комунално Претпријатие ,,Гази Баба 2007“, соопшти градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски. 

Тој упати и апел до граѓаните сите заеднички да допринесеме и да ја зачуваме нашата околина чиста.