Дуќан на приземје во Карпош 4 гореше околу три часот по полноќ, објави порталот Скопје1.мк. Неофицијално, станува збор за бутик, а зафатени биле и два автомобили, како и стан над просторот кој гореше. Овие информации се непотврдени.
Според очевидци, пожарот брзо се раширил, иако имало експресна реакција од Противпожарната бригада. Била повикана и Брза помош, но не е познато дали има повредени.
Карпошани ноќеска испратија снимки и јавија дека ги разбудиле сирени, од што биле вознемирени.
Повеќе детали се чекаат денес од МВР.