Голем љубовен хороскоп до крајот на 2020

Што го очекува вашиот знак на полето на љубовта до крајот на годината? 

Овен

Како ќе се развива вашата љубовна приказна зависи од тоа во каква ситуација сте. Ако сте во лоша врска или брак, многу веројатно е дека кризата во вас ќе поттикне да донесете одлука која е важна за вашата иднина.

Нестабилните и нездравите односи тешко ќе ја преживеат оваа година, но тоа ќе биде само влез во подобар живот, така што  немојте премногу да тагувате ако позади себе оставите врска која енергетски ве истрошила, бидејќи пред вас е нешто подобро.

Во здравите и среќни врски, ќе биде важно да најдете рамнотежа меѓу приватниот и професионалниот живот. Потрудете се да најдете време за своето семејство. 

За слободните Овни, есента ќе биде многу бурна, а доаѓаат и многу можности за флерт. Ќе бидете расположени да освојувате и ќе бидете успешни во тоа, но бидете внимателни да не пуштите во својот живот некој кој не го заслужува тоа.

 

Бик

Пред вас е период на реновирање на вашиот љубовен живот. Уран е во вашиот  знак и со тоа ќе ги поместувате границите, ќе доживувате нови искуства. Многу работи ќе бидат необични, а и неочекувани, па така лесно може да дојде до раздвојување, но и спојување. Јупитер ви ветува среќни можности.

Ќе можете појасно да ги видите добрите страни на вашата врска, а нема премногу да се оптоварувате со недостатоците. 

Биковите кои не се во врска би можеле да пронајдат нова личност во друг град, некој странец или личност која често патува. Можен е брак со оваа личност за многу претставници од овој знак. 

Сепак, бидејќи Уран бара слобода и ослободување, некои раздвојувања ќе бидат неизбежни, без оглед на тоа дали станува збор за некоја врска, пријателство или семејство. Одлуките ќе ги носите нагло, но всушност тоа создава нови можности за љубовно задоволство.

 

Близнаци

Вашиот љубовен живот ќе помине низ трансформација до крајот на годината. Она што досега беше цврсто може лесно да се промени. Ќе се чувствувате како да доаѓате до точка од која нема назад и ќе сфатите дека е важно да донесете одлука. 

Ќе имате многу додворувачи, а на шармот на една личност нема да можете да одолеете во текот на летото. Пред вас е многу интензивен љубовен период, а ако сте во долга врска, време е да се посветите на решавање на некои работи кои долго ги туркате под тепих.

Ова е период во кој некои Близнаци ќе одлучат да се впуштат во тајна врска.  Можно е и мешање на трета личност во некои врски, што ќе дојде до размрдување на темелите на љубовта и важно е да сфатите што сакате и да се борите за тоа. 

Бегството од реалноста нема да ве однесе далеку. Сепак, август ветува многу уживања и страсти. Ве очекува жешко, но и незаборавно лето.

 

Рак

Судејќи според планетарните аспекти, пред вас е период на одлуки. Какви одлуки ќе донесете во голема мера зависи од ситуацијата во која се наоѓате. 

Треба да знаете дека лошите односи нема да преживеат. Ќе го напуштите она што ве оптоварува или гуши, едноставно нема да сакате веќе да се вложувате во односи каде не гледате иднина. Притоа, многу е важно да се заштитите од луѓе кои ве исцрпуваат или ви ја крадат енергијата. Не се враќајте кон минатото, бидејќи секое враќање назад ќе ве истошти. 

Можеби токму едно ново познанство ќе ви помогне да заминете од еден однос кој не е добар за вас. Време е да се ослободите од старите навики, стравови и несигурности. Време е за будење и верба дека доаѓа подобро утре. 

Летниот период, а особено август носи силна страст и привлечност што ќе ја зголеми и вашата самодоверба.

 

Лав

Пред вас е турбулентен љубовен период, време на нови можности и голем чекор напред. Интересно е како љубовниот и професионалниот живот ќе ви бидат испреплетени во голема мера. 

Ќе морате да се препуштите и да уживате од ден на ден и да не анализирате премногу, особено во текот на летото. Ако сте сами, можеби ќе ви се допадне личност со која работите или да влезете во врска со личност која е многу посветена на работата. Времето кое ќе го минувате заедно ќе биде многу среќно и романтично. 

Сепак, врските во кои не постои доверба и стабилност, нема да го издржат тестот. 

Генерално, Лавовите ги очекува убаво лето, а особено возбудлив ќе биде нивниот месец – август. За некои од нив, заљубеноста може да донесе до брак и тоа на сосема неочекуван начин.

 

Девица

Влегувате во период на преродба, кога се подобруваат можностите за подобар и посреќен љубовен живот. Во тоа ќе ви помогне и Јупитер кој ќе го збогати вашиот љубовен живот. 

Ќе излегувате почесто, ќе запознавате нови луѓе, а вечерниот период ќе биде интересен доколку решавате да излегувате почесто.

Некои Девици ќе започнат нов врска, ќе се заљубат, а можно е да основаат и семејство. Ако сте сами, многу веројатно е да ве привлече личност која е помлада од вас. Ќе имате чувство дека сте се родиле повторно, ќе уживате во животот. Не е исклучено за некои Девици да се врати личност од минатото, да обновите некоја врска од младоста или со личност која сте ја прекинале комуникацијата пред неколку години. 

И покрај одредени падови  и незадоволства, за вас ова е важна и среќна година. Сепак, многу зависи колку сте подготвени да се впуштите во непознатото.

 

Вага

Ова би можело да биде еден од оние периоди кога многу ќе размислувате. Веројатно веќе забележувате дека некои луѓе не се веќе дел од вашиот живот и дека животот ви се менува и тоа во голема мера. 

Ако сте во долга врска или брак, може да дојде до поголеми проблеми или криза која ќе ја наруши довербата. Можеби сте прифаќале многу помалку од тоа што го заслужувате, па сега конечно ќе ги отворите очите. 

Пред вас е период на многу интензивни и бурни љубовни искуства кои ќе ви донесат јаснотија, што и да одлучите да направите. Една нова личност ќе влезе во вашиот живот за да остане и ќе ви помогне да заборавите на минатото. 

 

Шкорпија

Ова е период кој би требало да биде успешен за вас на сите полиња, а особено кога станува збор за љубовта. За вас, доаѓаат многу можности. 

Можно е да се најдете во едно големо и сериозно искушение, односно да ве привлече личност која е целосно различна од тоа што досега сте го барале како партнер. Но, прашањето е колку сте во состојба да ја одржувате верноста, бидете внимателни во однос на тоа.

Сега е време да ги зацврстите односите со луѓето кои ви значат и да внесете нови содржини во својот живот. Можен е и почеток на заеднички живот со саканата личност.

 

Стрелец

Доаѓа период кога ќе треба да го примените наученото. Можеби ставате точка на еден однос и тргнувате во нов, а можеби и сфаќате колку лоша е врската во која сте. За што и да станува збор, време е за преродба. 

Ќе се префрлите на својот авантуристички дух кој го чувате во себе и ќе бидете незапирливи, кога станува збор за љубовта. 

Можно е да се премислувате и да посакате да се вратите назад кон  некоја личност која ви го скршила срцето, но тоа не е добра идеја. Август ќе биде многу возбудлив месец, а по септември ќе се чувствувате многу заљубено и ќе бидете свесни за својата привлечност.

 

Јарец

Јупитер, Сатурн и Плутон ве креваат на нозе и суштински ги менуваат работите во вашиот живот до крајот на годината. 

Веќе нема да правите лоши компромиси и нема да останувате во една врска само поради тоа што тоа се очекува од вас. Некои луѓе ќе заминат од вашиот живот, но не очајувајте бидејќи тоа ќе создаде простор за нешто ново. 

Јупитер ви носи голема среќа кога станува збор за пронаоѓањето на сродна душа, па до крајот на годината ве очекува голема среќа.

 

Водолија

Овој период до крајот на годината е всушност подготовка на теренот за тоа што ве очекува во 2021 година. Затоа, искористете го периодот за да направите ретроспектива на својот љубовен однос, да се ослободите од своите стравови и несигурности и да си овозможите подобар живот.

Ова е време кога нешто ќе донесете при крај, односно кога јасно ќе сфатите што сакате. Некои тајни кои се потиснати ќе излезат на површина, па ако се впуштите во некаква тајна врска нема да можете долго да го криете тоа. 

Повремено, ќе ве збунуваат околностите во вашиот живот. Дури кога нешто ќе одлучите или изберете, ќе се случи нешто да се запрашате што е тоа што го сакате. 

 

Риби

Ве очекуваат многу нејаснотии и неизвесности. Планетите ќе го збогатат вашиот живот, но и ќе го променат во голема мера. Луѓето кои не се добри за вас едноставно ќе исчезнат од вашиот живот.

Она што долго го чекавте сега може да се оствари. Вашите соништа конечно стануваат реалност. Ќе имате многу додворувачи, а една нова љубов би можела да се роди од пријателство.