Голем интерес за субвенции за тротинети: Од која скопска општина има најмногу апликанти?

Оваа година, Град Скопје додели 201 субвенција за електрични тротинети, а право на аплицирање имаа сите жители од скопските општини. 

Најголем интерес за субвенција за тротинет покажале граѓаните од Аеродром, Центар, Карпош и Кисела Вода.

Најмал интерес има во општините Шуто Оризари, Чаир, Сарај и Бутел. 

Од примени 212 апликации, одобрени се вкупно 201, додека 11 се одбиени.