Голем дел од Скопје денеска без струја, вода ќе нема на неколку улици

Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, врз основа на добиените информации од ЕВН Македонија и ЈП Водовод и канализцаија, ги известува граѓаните дека:

Поради технички интервенции во електро дистрибутивната мрежа, денеска (среда), без електрична енергија ќе останат следните корисници:

- Од 11,00 до 12,00ч. с.Ракотинци околу школото (о.Сопиште);

- Од 09,00 до 11,00ч. ул. Христијан Тодоровски Карпош од бр. 98 до бр.104 (о. Бутел);

- Од 10,00 до 14,30ч.корисниците од с. Чајлане и с. Паничари (о. Сарај);

- Од 11,00 до 14,00ч. корисниците околу бр.10 од ул. Фредерик Шопен (о. К. Вода );

- Од 10,00 до 12,00ч. Индустриска зона Чојлија, фирмите Џанвики и Фарма Роли (о. Петровец) и

-Од 09,00 до 14,00ч. дел од ул. Тодор Чангов бр. 4Б и бр. 44 (о. Аеродром).

Поради технички интервенции на водоводната инсталациска мрежа денеска (среда ), без водоснабдување од 09,00ч. ќе бидат корисниците од о. Карпош, од следниве улици: Дрезденска, Алжирска, Каирска , Борка Талевски, дел од Њуделхиска, Римска, Бахар Моис, дел од Анкарска, дел од Атинска, Панче Пешев и Наум Евро.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од  09:00 часот до завршување со санација на дефектот.