Голем дел од Аеродром и дел од Центар и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска (вторник) поради закажани технички зафати во мрежата, без електрична енергија ќе останат:

- во време од 09.00 – 15.00 часот Бензинска станица Окта на бул. 3-та Македонска Бригада, неколку помали објекти на крстосницата 3-та Македонска Бригада до бензинска Окта во правец кон Центар, неколку помали објекти на раскрсница 3-та Македонска Бригада со ул. Коста Новаковиќ, бул. 3-та Македонска Бригада бр. 31-Б, ул. Пандил Шишков бр. 24 и бр. 26 и ул. Коста Новаковиќ бр. 1-А (о. Аеродром);

- во 09.00 – 16.00 часот дел од с. Долно Лисиче - ул 1 од пругата до Маркет ДИМ (о. Аеродром);

- од 10.00 – 12.00 часот кула 22 и зграда бр. 18 од Градски зид на ул. Димитрија Чуповски (о. Центар) и

- во време од 12.00 – 13.00 часот дел од ул. 24 во Сопиште (о. Сопиште).