
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на општина Петровец, Сопиште и Студеничани.
- Во период од 08:15 до 15:15 часот, без електрична енергија ќе останат селата: Огњанци, Чифлик, Петровец(дел од селото), Фазанерија, Јасен, Катланово, Стари лозја, Фазанерија пумпа, ЗИК Фазанерија, Катлановско Блаце, Бадар, Кожле, Фазанерија Тотинци, Пумпа водовод Кожле и тунел Катланово.
- Во период од 08:30 до 15:30 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од село Држилово и викендици Држилово, село Јаболци и Патишка Река.
- Во период од 08:15 до 15:15 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од село Црн Врв и село Елово.