Голем број делови од Скопје и скопско утре ќе бидат без струја

ЕВН Македонија известува дека утре без електрична енергија ќе останат делови од Кисела Вода, Сарај, Карпош, Гази Баба, Аеродром и Сопиште. 

  •  Од 08:00 - 12:00 часот без електрична енергија ќе остане улицата Партизански Пат;
  •  Од 08:00 - 14:00 часот без електрична енергија ќе останат село Рашче, Хлорна станица Рашче, село Бојане, село Копаница, дел од село Кондово;
  •  Од 09:00 - 09:30 часот без електрична енергија ќе останат дел од потрошувачите од улицата Иван Цанкар;
  •  Од 09:00 - 12:30 часот без електрична енергија ќе останат улиците 1 и 2 во Нова населба Хиподром;
  •  Од 09:00 - 15:00 часот без електрична енергија ќе остане улицата Владимир Комаров;
  •  Од 11:00 - 15:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на улицата Ванчо Мицков;
  •  Од 13:00 - 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на улицата „1“ од Сопиште кон Горно Соње.