
Традиционално, пред Соборниот храм се собравме за да ја одбележиме радоста на големиот Бадник. Со новото кумство, здравицата, бадникарската погача и дабовите гранчиња го споделивме духот на празникот, сподели градоначалникот на Општина Центар
„Особена радост ми донесе и тоа што токму мене ми се падна паричката од бадникарската погача – како симбол на среќа, благосостојба и бериќет, кои искрено ги посакувам на сите наши сограѓани“, истакна градоначалникот.
Посочи дека си посакале само убавини, слога и љубов.