Природно-математичкиот факултет во Скопје при Универзитетот „Кирил и Методиј“, по повод денешниот Меѓународен ден на жената, објави листа на првите жени - доктори на науки на секој од институтите на ПМФ.
- Периодов дојдовме до податоците за темите на нивните докторски дисертации, датумите на докторирање, како и за нивниот придонес во своите области. Уште еднаш, им благодариме што го пробивале патот за повеќе жени во науката и високото образование! - споделија од ПМФ.
Навистина интересни податоци за жените кои дале голем придонесе за развојот на науката во земјава!