Го пресретнале три лица и едното вперило пиштол, скопјанец нападнат во Центар

Министерството за внатрешни работи информира дека ноќеска во 01.40 часот во СВР Скопје А.К.(23) од Скопје пријавил дека на 12.06.2021 околу 23.30 часот на подрачјето на Центар бил пресретнат од Е.Р., кој држел остар предмет и уште две лица, од кои едното вперило пиштол кон него.

Полицијата презема мерки за расчитување на случајот.