
59-годишник од Гостивар ќе одговара кривично поради физички напад врз малолетник, кој претходно со други малолетници фрлале снежни топки кон возила.
Како што се наведува во полицискиот билтен, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Х.С.(59) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.
На 22.01.2026 во Гостивар, пријавениот физички нападнал малолетник, кој претходно со повеќе други малолетници фрлале снежни топки кон возила, а едно од нив го погодиле пријавениот.