Го нападнал и го избркал својот малолетен син од дома

Малолетник од Скопје пријавил дека бил нападнат од неговиот 49 годишен татко и избркан од дома. 

-На 19.09.2022 во 21.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, малолетник од Скопје пријавил дека околу 19,00 часот неговиот татко Т.М.(49) физички го нападнал и го избркал од дома. - соопштуваат од МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.