Глигорова со реален став: Дното се пробива со криминалци кои го превземаат и она малку здраво ткиво кое остана

Активистката Ана Глигорова со реална опсервација на нашето општество. 

Дното се пробива со криминалци кои го превземаат и она малку здраво ткиво кое остана Како канцер, вели таа. 

Во целост ви го пренесуваме нејзиниот фејсбук став: 

-Познавам електроинженери кои предлагаа сериозни проекти со обновливи извори на енергија пред 20, 25 години. Со кез на лице лоповите ги шутираа.

Познавам земјоделски инженери, агрономи кои предлагаа проекти за развој на земјоделството на оваа плодна земја на ниво на една Словенија, ги игнорираат, ги шутираа.

Познавам социолози кои предлагаа сериозни истражувачки проекти за причините за отселувањето, паѓањето на моралот на цела нација. Им се смееа.

Познавам уметници кои останаа невидливи од нивните потпросечни и просечни деца, од нивните пајташи во делење пари од буџет за многу слаби дела. Невидливите се бореа, но со лопови и простаци нема борба. Губиш.

Најдобрите лекари или се во пензија, или веќе не се со нас, или ја напуштаат земјава

Иднината е предвидлива, дете може да ја антиципира. Дното се пробива со криминалци кои го превземаат и она малку здраво ткиво кое остана Како канцер.