Ѓуров контра Миа Костова за воспитувањето: Не е лошо малку постручни луѓе да зборуваат во јавност за вака важни теми!

Темата околу воспитувањето на децата и иднината на македонското општество со новите генерации и натаму ја бранува јавноста. По случајот со брутално насилство и буквално изживување врз 13-годишно девојче во скопско Ѓорче, од страна на неколку повозрасни девојчиња, постојано се дискутира за денешните трендови во воспитувањето и растењето на деца. 

Професорот и мотивациски говорник Лазар Ѓуров, секогаш гласен за општествените прашања, сподели свој став на оваа тема, но на момент како да ја прозва познатата македонската инфлуенсерка Миа Косова која исто така јавно говореше на тема „воспитување. 

- Граници да. Ќотек не. Има начин како да го научиш детето дека не треба да ја удира мајката или било кој друг без ти да го удираш. Ако прочитаме малку повеќе ќе видиме дека насилниците се обично деца кои трпеле насилство и од страв не реагирале агресивно, но агресијата останала а емоциончната регулација останала ненаучена, споделува во својата фејсбук објава Ѓуров и додава: 

- Не се работите толку прости...или максимална попусливост или ќотек за да има страв. Има начини и научно потврдени методи како да се демонстрира авторитет и постават граници а тоа да не се "воспитни" шамари или урлање. 

Додека Миа во своето гостување во поткаст говори за воспитувањето на денешните деца, Ѓуров, меѓу другото, порача: 

- Ок е намерата. Ама не е лошо малку постручни луѓе да зборуваат во јавност за вака важни теми од инфлуенстерки во поткаст на "ругач" на тоа како луѓе се облекуваат. 

На темата се надововрзаа голем број родители, но и вработени во образовните институции. 

- За жал, ваквите инфлуенсери имаат големо влијание, особено кај оние со слични ставови. Ги "бетонира" во нивната матрица и дури тогаш нема исправање. Една мајка на овој пост се фалеше како го тепала сопственото дете додека не се помоча. Тажно е што ваквите насилни родители добиваат поддршка од други. Вакви поткасти, треба законски да се регулираат, во спротивно, џабе се кампањи и едукации, гласи еден коментар. 

- Јас сум педагог и мајка на мало детенце и можам да кажам дека свеста е во минус на овие теми - затоа насилства, затоа отсуство на емпатија, затоа сериски убиства... сподели сој краток став корисничката на Фејсбук. 

Миа, пак, во свој стил го сподели ставот за воспитувањето на деца!