Ѓубре, руинирана урбана опрема, прегорени светилки - патеката на скопскиот кеј во катастрофална состојба

Скопскиот кеј на реката Вардар кој го користат илјадници скопјани за спорт и рекреација е во катастрофална состојба.

Ѓубре насекаде, руинирана урбана опрема, прегорени светилки и апсолутна негрижа, го комплетираат хаосот кој владее тука.

Со затоплувањето на времето се зголемува бројот на рекреативци и на професионални спортисти кои спортуваат тука.