Ѓорче Петров - прва општина во земјава наградена со престижната ознака „CAF Effective User”

Општина Ѓорче Петров официјално стана првата општина во Република Македонија наградена со престижната ознака “CAF Effective User”, доделена од Регионалната школа за јавна администрација (ReSPA), соопшти денеска градоначалникот Александар Стојкоски. 

- Ова признание следува по успешно спроведената надворешна CAF евалуација (PEF процедура) од страна на сертифицирани оценувачи (EFACs) и темелна проверка од Регионалниот центар за управување со квалитет при ReSPA. Со ова, Ѓорче Петров влегува во официјалната база на CAF корисници на EUPAN, хостирана од EIPA. Стануваме пример за европски модел на квалитет и ефикасност во јавната администрација. Го зацврстуваме фокусот кон транспарентни, брзи и граѓански ориентирани услуги, порача првиот човек на општината. 

Тој упати голема благодарност до сите вработени, соработници и граѓани кои со посветеност и одговорност придонесоа за овој голем успех.