Ѓорче Петров почна со реконструкција на детските катчиња

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски информира дека почнала реконструкцијата на детските катчиња во општината.

- Веќе е завршена поправката и замената на дотраените делови на едно од најфрекфентните игралишта, односно централното игралиште во паркот во Ѓорче Петров, информира Стојкоски.

Со акцијата за ревитализација на детските катчиња ќе бидат опфатени локации низ целата општина, а годинава ќе бидат изградени и нови детски игралишта.