Скопската општина Ѓорче Петров добива нов модерен спортски терен во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“.
- Во рекордно време ја почнуваме следната серија реконструкција на фудбалското игралиште во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“, кое сега ќе добие нова тартан подлога, која ќе овозможи уште подобри услови за спорт и рекреација на нашите ученици. Во дворот на ова училиште изградивме и целосно ново школско фудбалско игралиште со нова подлога од вештачка трева, по сите современи стандарди за училишен и рекреативен спорт. Истото партерно го уредивме со што го заокружиме процесот на негова изградба, сподели градоначалникот на општината Алекандар Стојкоски.
Порача дека продолжуваат со интензивна реконструкција на игралиштата и веќе во наредниот период ќе започнат со обновување на игралиштата во ООУ „Мирче Ацев“ и ООУ „Страшо Пинџур“.
- Во рекордно време успеавме да обновиме неколку игралишта, а ова е само почеток. Наша цел е да ги подобриме условите за сите ученици и да обезбедиме простор за спорт, активен живот и здравје. Продолжуваме со работа. Заедно градиме подобра иднина! - рече првиот човек на Ѓорче.