Ѓеврече, чорба...Кој е омилениот појадок на скопјани?

Општо познато правило е дека појадокот е најважниот оброк во текот на денот. За сите скопјани па и Македонци постојат неколку оброци кои се омилени на сите генерации.

Варено ѓеврече

Нема некој што не е луд по топло варено ѓеврече купено од уличните продавачи кои можат да се најдат скоро на секој ќош во градот. Ако се има среќа да ги фатиш во раните утрински часови додека се сеуште тазе и додека сеуште ги има, тогаш може да се каже дека денот почнал одлично.

 
Чорба

Типично скопско јадење за појадок е чорба од 9-10 часот. Седнувате на појадок, убава чорба со понекое луто пиперче и сос, а со тоа и сок или минерална вода и на крајот кафе. Доколку сте во центарот на Скопје, тоа во просек би ве чинело околу 260 денари. Доколку прошетате по старите кафеани кои растат заедно со градот ќе забележите дека голем е бројот на оние кои првото свое јадење го резервираат за нејзиното височество чорбата.

Бурек со јогурт

Македонците се познати по тоа што денот го започнуваат со кафе, кое е најчесто турско. Откако ќе се расонат, појадуваат месени јадења како ѓеврек, банички, лиснато тесто и ги комбинираат со чаша јогурт. Сепак, најпознато и најомилено јадење за појадок е бурекот, кој може да се најде во различни варијанти – бурек со месо, бурек со сирење, бурек со спанаќ...

Омлет

Има многу ресторани и кафеани во Скопје што прават исклучително добар омлет, комбиниран со салата. Неизоставен дел од менијата за појадок е омлетот било тоа дали е обичен или пак дополнет со виршла или сланина.

Мекици 

Традиционално македонско јадење омилено на многумина. Во комбинција со овчо сирење или кисело млеко се добива вистинскиот вкус.

Пржени лепчиња со сирење или мед

Скоро секој го поврзува ова јадење со своето детство кога овој оброк ни беше омилен. Брзо се прави, многу е вкусен а и го има скоро во секој ресторан што нуди мени за појадок.

air max 90 essential sale