Гинекологија „Чаир“ и неколку скопски улици утре без вода

Од скопски Водовод известуваат дека утре (недела) поради дефект на затворач на крстосницата Неџат Аголи/ Коста Абрашевиќ, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Неџат Аголи, Коста Абрашевиќ и Кримска, вклучително и гинеколошко-акушерска болница „Чаир“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.