Гинеколог Белевска: Дали фетусот може да заболи од коронавирус од мајката во матката?

Јана Белевска - специјалист, гинеколог акушер, дел од тимот на приватната болница „Ремедика“, во интервју за Скопје Инфо зборува за тоа колку редовните контроли кај гинеколог се е од огромно значење за жените. Пандемијата не е изговор, вели таа, редовни контроли мора да има. 

Таа во интервјуто, зборува за еден поблем, кој ги плаши сите идни мајки, дали фетусот- бебето, може да има корона вирус, пренесен од својата мајка. 

Се уште со сигурност не се знае дали бремената жена може да го пренесе новиот коронавирус Ковид-19 на нејзиниот плод или новороденото за време на бременоста или во тек на породувањето. Од досегашните студии кај многу мал дел од заболените трудници е докажана вертикална трансмисија. До сега, новиот коронавирус не бил пронајден во мајчиното млеко и затоа се советува и покрај позитивен резултат кај мајката да не се прекинува доењето на новороденчето. Исто така досега нема знаци дека Ковид-19 ги зголемува ризиците од аномалии на плодот, вели таа. 

Белевска ги советува бремените жени за повеќе одмор, повеќе сон, повеќе престој во природа на чист воздух. Многу витамини, здрава исхрана, вежби за бременост и се разбира, да ги почитуваат превентивните мерки за заштита од Ковид-19, да одатна редовни гинеколошки контроли и да останат одговорни. Но, да не заборават да се грижат и за менталното здравје, зашто среќна, спокојно, здрава мајка, значи нормална бременост и здраво новороденче.