Ги враќа ли БЕГ топланите на мазут?

Ги враќа ли БЕГ топланите на мазут? Компанијата резервирала количини од овој енергенс за цела грејна сезона, иако според законот може да се користои најмалку 15 дена годишно. Новите регулативи дозволуваат мазут да се употреби само во случај на дефект или прекин на доставата на гас. Обично топлификациите резервираат мали количини, само за две недели доколку дојде до тоа. Но сега БЕГ бара 55 милиони килограми мазут, почнувајќи од октомври до крајот на април, со детални прогнози за секој месец одделно, односно за цела грејна сезона.

Фирмата која им ја гарантира испораката , ако има потреба од тоа е на поранешниот директор на спортскиот центар  Борис Трајковски, Ратко Капушевски., од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Неговата компанија РКМ е единствената која се јавила на тендерот, вреден 22,5 милиони евра.

Од БЕГ појаснуваат дека нема да го користат мазутот како гориво, доколку нема прекин на испораката на гас, што значи може компанијата да не плати ни денар.

Инаку земјата  се снабдува со гас од Бугарија преку ГА МА. Пред неколку дена БЕГ изјави дека поради ремонт на транзитниот гасовод од Бугарија кон земјава, греењето со парно е послабо.

Последен пат мазут е набавен во 2014 та година. Важи за енергенс кој многу загадува и е поскап. Тоа беше причината Балкан Енерџи да се гасифицира.