Ги поддржуваме бизнисите и организациите кои им помагаат на граѓаните

Живееме во исклучителен тежок период за граѓаните и за компаниите и во овој период неопходно е да покажеме силна меѓусебна поддршка, а и да помогнеме на најзагрозените и најпогодените. 

Скопје Инфо ги поддржува бизнисните и организации кои им помагаат на граѓаните во овие исклучително тешки и специфични времиња.

Во оваа насока ги повикуваме сите компании и организации кои на било кој начин помагаат на граѓаните или пак нудат услуга или производ со кои го олеснуваат секојдневното живеење и функционирање на граѓаните да не контактираат на е-маил адресата marketing@skopjeinfo.mk за да утврдиме начин на кој од наша страна ќе биде овозможена соодветна и бесплатна маркетинг или ПР поддршка.

Тука пред се ги повикуваме формалните и неформалните хуманитарни организации и приватните компании кои донираат и кои нудат услуги, храна и останати производи за граѓаните.