Германските инвеститори во Македонија се жалат дека не можат да најдат работници

Проблемот со недостатокот на работници се влошува од година во година. Германските инвеститори во земјава се жалат и на квалитетот на стручното образование и квалификациите на самите работници.

Според анкетата на Македонско – германското стопанско здружение, 50 проценти од анкетираните компании сегашната економска ситуација ја оценуваат како лоша, а седум отсто како добра.

Компаниите изразија оптимизам дека деловната 2018 година ќе биде многу подобра од минатата. 45 проценти од извршните директори очекуваат подобрување, додека 12 отсто очекуваат полоши макроекономски резултати

И покрај наведените проблеми, сепак охрабрувачки е фактот дека 72 отсто од компаниите повторно би инвестирале во Македонија. Во земјава работат повеќе од 200 копмании со гермаски капитал, кои вработуваат околу 20 илјади лица.