Германија ги отвора границите за Македонија и други балкански земји

Германскиот институт Роберт Кох објави дека Македонија и уште неколку балкански земји можат повторно да патуваат во Германија, бидејќи веќе не се означени како држави со висок ковид-ризик. 

Ова се должи на значајното стабилизирање на епидемиолошката состојба. Претходно, повеќе од една година, Македонија за земјите на ЕУ важеше за високоризична ковид-зона и не беа дозволени влезови во ЕУ-државите. 

Прва која ги отвори границите за Македонија беше соседна Грција. 

Новите правила за патување ќе важат од утре.

Покрај Македонија, од „црвената листа“ во регионот се симнати и Србија, БИХ, Косово и Црна Гора и повеќе не се третираат како ризични земји.