Германец си го убил целото семејство и се самоубил, откако го откриле фалсификуваниот вакцинален сертификат на жена му

Тела на петчлено семејство биле откриени во Бранденбург, јужно од Берлин, а сите починале поради прострелни рани. Се работи за маж, жена и нивните три ќерки на возраст од 4, 8 и 10 години. 

Според наводите на истрагата, мажот фалсификувал вакцинален сертификат за неговата сопруга, но нејзиниот работодавец го открил тоа и пријавил во полиција. 

Парот се исплашил дека социјалните служби ќе им ги одземат децата, но и дека ќе бидат спроведени во затвор. Според доказите, во паника и бес, 40-годишниот маж си го убил целото семејство и потоа се самоубил. 

Истрагата за овој случај продолжува со сослушување на соседи и потенцијални сведоци.