Oпштина Центар ја обвини ЈП „Комунална хигиена“ дека и викендов го оставила ѓубрето кај познатата локација „Круг“ во Дебар Маало. Од општината информираа дека сметот е собран и од контејнерите што се наоѓаат веднаш до детската градинка „13 Ноември”, објект Парк и станбените згради во околината.
„Екипите на Општина Центар веднаш интервенираа и го исчистија просторот околу контејнерите, со цел да обезбедат основна хигиена за жителите.Паралелно, во Буњаковец е во тек расчистување на депонијата зад катната гаража. Со механизација се отстранува шут, стакло и друг отпад, со години складиран во оваа магацин- депонија од страна на несовесни лица. Чистотата и хигиената во нашата општина се наш приоритет. Ќе продолжиме со акциите за да обезбедиме поквалитетна и побезбедна средина за сите наши сограѓани,“ изјави градоначалникот Горан Герасимовски.
Се додава дека акцијата за чистење под мотото „Центар не чека, Центар чисти“, е поттикната од непостапувањето на „Комунална хигиена“.