Детската недела во Општина Центар, беше отворена со музика и театар.
Настаните се одржуваат во Паркот на франкофонијата. По тој повод, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, објави фотографии на официјалната Фејсбук страница и порача дека децата се иднината на секое општество.
Додаде и дека булингот ќе биде тема која ќе се опфати во периодот на одбележувањето на Детската недела.
-Раното детектирање и спречување на сите форми на насилство меѓу кои и булингот е многу важна тема на која постојано работиме. Затоа апелираме воспитниот, наставниот, стручниот кадар и родителите да ги следат децата, да ги евидентираат промените и да разговараат со нив - напиша Герасимовски.