Герасимовски: Една година нула денари трошоци за угостителски услуги и патувања во странство

Во интерес на отчетноста и транспарентноста Општина Центар во изминатата година потроши нула денари за угостителски услуги и нула денари за трошоци и патувања во странство. Односно општината направи заштеда поголема од 700.000 денари колку што се предвидените буџети за патувања и угостителски трошоци, информираат од општина Центар. 

Градоначалникот на Горан Герасимовски вети одговорно и домаќинско работење и со општинската администрација тоа го исполнува. Општина Центар во првата година од мандатот на градоначалникот Герасимовски реализираше бројни настани и проекти, започна капитални инвестиции со кои ќе ги подобрува условите за живот на граѓаните и ги зголемува можностите за социјален и економски развој, додаваат оттаму. 

„Сите овие проекти кои во изминатата година се започнаа и голем дел од нив веќе реализираа се доказ дека единствен мој фокус и на општинската администрација се граѓаните и нивните интереси и потреби. Сите непродуктивните трошоци кои служат за лични привилегии не се одлика на оваа локална самоуправа. Ова е година на голема криза која сериозно го погоди и намали буџетот на општината и затоа единствениот начин да заштедиме и инвестираме е токму преку отстранување на непродуктивните трошоци кои служат за лични привилегии“ смета Герасимовски.

Општина Центар ќе продолжи да работи и да ги застапува единствено интересите на граѓаните. Токму затоа во следниот период градоначалникот Герасимовски и општинската администрација ќе одржат серија трибини на кои ќе ги слушнат барањата на граѓаните во рамки на буџетскиот форум. Дел од овие барања ќе бидат вградени во креирање на буџетот за 2023 година. Општина Центар останува отворена општина за граѓаните и со нив ќе изгради Нова приказна на среќни и задоволни граѓани, порачаа од локалната самоуправа на оваа скопска општина.