Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски преку социјалните мрежи инфомираше дека општината подготвено ги дочекала денешните снежни врнежи
„Зимската служба започна со расчистување на снегот уште од доцна синоќа, приоритетно на најкритичните локации, како што е подножјето на планината Водно, и на најпрометните улици под надлежност на општината.
Со вкупно 4 возила – 2 со плуг и соларка, како и 2 специјализирани возила за отстранување снег, тимовите се на терен од ноќеска и интензивно работат на фрлање сол и расчистување на уличната мрежа, како и на критичните сообраќајни точки.
Општина Центар е во постојана комуникација со граѓаните од сите населби на својата територија и продолжува со координација со градските служби за навремено и ефикасно справување со сите предизвици што ги носат снежните врнежи“, напиша Герасимовски.