Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте следната недела во официјална посета на Скопје

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во вторник (3 март), ќе пристигне во официјална посета на Македонија.

Домаќин на Руте ќе биде претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а предвидени се и средби со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието Африм Гаши.

Генералниот секретар ќе присуствува и на показна вежба на Армијата.

Ова ќе биде прва посета на Руте како генерален секретар на НАТО на Скопје.

Претходно, во ноември 2021 година, тој беше во земјава како премиер на Холандија.

Во 2023 година, Македонија ја посети тогашниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.