Гази Баба отвори онлајн платформа за прием на предлози од граѓаните

  

Во рамки на граѓанскиот дијалог „Проектите почнуваат со тебе“, oпштина Гази Баба отвори и онлајн платформата за прием на предлози од граѓаните. 

- Секој граѓанин има можност од својот дом да го достави својот предлог-проект на емаил: budzet2026@gazibaba.gov.mk Секој пристигнат мејл ќе биде внимателно разгледан од страна на тим формиран од мене, со цел да ги уредиме приоритетите според потребите на граѓаните. Ги повикувам сите граѓани активно да земат учество и да дадат свој важен придонес во развојот на нашата Гази Баба, наведуваат од локалната самоуправа.