Гази Баба ќе дава субвенции за вградување на уреди за течен гас или друго алтернативно гориво

Општина Гази Баба објави јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општината за вградување на уреди за течен гас/метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата за 2023 година.

- Преку субвенции, општина Гази Баба на граѓаните ќе им врати до 50 отсто од трошоците за купен и вграден уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилото, но не повеќе од 18.000 денари без вклучен персонален данок на доход по возило. Персоналниот данок на доход е на товар на Општина Гази Баба, информира градоначалникот Бобан Стефковски.

Општина Гази Баба на ваков начин сака да им помогне на граѓаните да вградат уред за течен гас и други алтернативни горива во возилата, а целта е намалување на загадувањето на воздухот од возилата.

Граѓаните од Општина Гази Баба може да аплицраат на овој ЛИНК.