Гази Баба и годинава со по 3.000 денари поддршка за секое прваче

Општина Гази Баба и оваа година ќе доделува еднократна финансиска поддршка од 3.000 денари за семејствата кои имаат запишано прваче во учебната 2026/2027 година.

Од Општината информираат дека мерката има за цел да обезбеди директна помош за родителите и полесно покривање на дел од трошоците поврзани со почетокот на школувањето.

Градоначалникот потсети дека оваа мерка за првпат била воведена во учебната 2022/2023 година и претставува дел од неговата изборна програма која се реализира континуирано.

Сите семејства од територијата на Општина Гази Баба кои имаат запишано ученик во прво одделение можат да поднесат барање за исплата на финансиската поддршка.

За аплицирање потребно е да се достават:

  • Потврда од основно училиште за запишан ученик;
  • Извод од матична книга на родени;
  • Копија од лична карта на еден од родителите;
  • Копија од трансакциска сметка.

Подетални информации за роковите и начинот на поднесување на барањата се достапни во Општина Гази Баба.