Гази Баба дава финансиска поддршка за реконструкција на кровови на згради и куќи

Во тек е јавен повик за финансиска поддршка за реконструкција на кров на станбени згради и куќи на индивидуални домаќинства во социјален ризик на подрачјето на општина Гази Баба.

Градоначалникот Бобан Стефковски ги повика граѓаните во општина Гази Баба да ја искористат оваа можност и да аплицираат на јавниот повик.

За прв пат оваа година, општина Гази Баба во рамки на оваа програма ги опфаќа и индивидуалните домаќинства во социјален ризик.

Јавниот повик може да се најде ТУКА.