Гаврил Бубевски позитивен на корона вирус, Фатиме Фетаи во изолација

Обвинителката Фатиме Фетаи, која беше дел од поранешното специјално обвинителство во следните 14 дена ќе биде во самоизолација откако нејзиниот колега обвинителот Гаврил Бубевски бил позитивен на коронавирусот, објави Фактор.мк.

Оваа ситуација го одложи утрешното рочиште за случајот Монструм односно убиството кај Смилковско езеро. Фетаи нема да присуствува нити на судењето кое беше закажано за 9 јули а кое се однесува за „Насилството во Центар“. Фетаи за Фактор вели дека се чувствува добро и дека нема симптоми исто како што немал и Бубевски.

„ Со колегата работиме заедно и заедно одиме на судења каде седиме еден до друг. Секако ги почитуваме препораките, но според епидемиолошката анкета јас мора да сум дома во самоизолација, вели Фетаи за Фактор.