„Златното момче“ Бесир Алили, кој стана европски шампион во борење во кадетска конкуренција во категоријата до 48 кила, се врати во Скопје. Иако од Италија до Македонија патуваше цели 17 часа со минибус тоа ни најмалку не ја наруши неговата радост од освоениот медал, но и пречекот од најблиските и фановите, прво на граничниот премин, а потоа и во центарот во Скопје.