Од денес, телекомуникациската компанија оне.Вип станува А1 Македонија ДООЕЛ, а брендот Vip станува А1.
Консолидирајќи ја својата позиција во рамките на A1 Телеком Австрија Групацијата, присутна во седум земји во регионот, Vip го претстави новиот бренд на компанијата – А1.
На настанот по повод официјалното ребрендирање, главниот извршен директор на А1 Телеком Австрија Групацијата, Томас Арнолднер, главниот извршен директор на А1 Кластерот „Хрватска и Македонија“, Јиржи Дворјанчански, и извршниот директор на А1 Македонија, Мислав Галер, го претставија новиот А1 бренд, осврнувајќи се на клучните поенти поврзани со процесот на ребрендирање, идните планови на компанијата, како и на најновите понуди.