Утрото во 5:17 часот, на денешен ден пред 57 години, катастрофален земјотрес го погоди Скопје и одзеде околу 1.100 животи, 3.000 граѓани биле повредени, а без дом останале околу 200.000 жители на главниот град на Македонија.Земјотресот од 26 јули 1963 година е една од најкатастрофалните природни непогоди што го погодила Скопје и Македонија.
Силината на земјотресот била 9 степени според Меркалиевата скала, односно 6,1 степен според Рихтеровата сеизмичка скала. Потресот траел 20 секунди, а потоа серија помали потреси имало до 5:43 часот.Во својата историја, градот повеќе пати пропаѓал и одново се градел. На просторот меѓу селата Злокуќани и Бардовци бил градот Скупи, центар на провинцијата Дарданија.
Овој римски град во 518 година, исто така, бил целосно разурнат од земјотрес. Регионот околу реката Вардар е зона со висока сеизмичка активност. Скопје целосно било разрушено од земјотрес и во 1555 година.Скопскиот земјотрес од 26 јули 1963 година бил почувствуван на простор од околу 50.000 квадратни километри, низ долината на реката Вардар. Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000 домови. Под урнатините животот го загубиле 1.070 негови граѓани, а некои од повредените починале подоцна.