На оваа улица владее розовата боја, а магијата на прекрасните цветови и позитивната енергија ја прават совршено скопско катче за фотографирање.
Секоја пролет улицата Максим Горки во центарот на Скопје е обоена во розова магија. Расцветаните јапонски цреши го прават ова место омилено катче на речиси сите скопјани.