Eкипи на Пожарна Скопје, по добиена дојава за запалена асфалтна базна станица на Гранит, на излезот од Скопје кај Качанички Пат, веднаш излегоа на терен и со брза интервенција спречија палење на надворешните резервоари со мазут и настанување на поголема материјална штета и на базната станица и на околината.
Пожарот е локализиран и нема опасност. На пожарот интервенираа 7 противпожарни возила и 17 пожарникари.