Галерија: Нема правда нема мир - втор ден протести по одлуката на Иванов

По неколку мали провокации меѓу полицијата и демонстрантите и искршено стакло на редакцијата на неделникот „Република“, заврши протестот на граѓаните пред зградата на Владата.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во вчерашните протести, повредени се петмина полицајци, а еден демонстрант е приведен.

Тие со пишани пораки им се обратија на кордонот полицајци кои ја обезбедуваа владината зграда. На нив пишуваше „Од наши пари леб јадете и пак нас нè тепате“, „Кажете им на децата дома денеска ја браневте диктатурата во која ќе растат“ и „Колку крв треба да падне за да застанете на сопствената страна“.