Францускиот институт во Скопје организира ексклузивна гала филмска вечер „Најдоброто од Франција“, во рамките на одбележувањето на 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје.
Филмот „Нешто малку поинакво“ ќе биде денес, во 20:00 часот, во киното „Синеплекс“, во Скопје Сити Мол.
Се работи за ексклузивна премиера во регионот на најуспешниот филм во последните 10 години во Франција, со досега продадени над 10 милиони влезници.Присуство на премиерата на филмот е со покана, а потоа следи редовно прикажување на репертоарот на Синеплекс, од 31 октомври до 6 ноември 2024.