Состојки:
готово тесто за пица
маргарин или масло за готвење
сол
оригано
други зачини по вкус
Начин на подготовка:
Готовото тесто за пица оставете го да се одмрзне. Пред да го купите проверете дали е посно според составот.
Исечете го на линии.
Потоа премачкајте го од двете страни со маргарин или масло за готвење.
Одозгора наросете ги зачините.
Ставете го во сад за печење и печете по вкус во загреана рерна.