Фројд: Ако ги прифатите овие три сурови вистини, ќе бидете среќни

„Поголемиот дел од вашиот идентите се одредува преку големината на проблемот кој е во состојба да ве извади од такт“. Вака зборувал познатиот основач на психоанализата, Сигмунд Фројд, а доколку сакаме да ги послушаме неговите насоки за среќен живот, би можеле да ги издвоиме овие три сурови вистини кои можеби не е лесно да се применат, но можат значително да ви го олеснат животот. 

Животот подеднакво ги удира сите

Фројд рекол: „Животот е низа на проблеми, по што следат моменти на смиреност и опуштеност. Тешките моменти се дел од светот во кој живееме. Дали би знаеле што е убаво без страшното? Дали без подлоста би знаеле што е искреност? Сè на светот е двојно и има пар: радоста и тагата, животот и смртта, победите и поразите. Нашите животи се исполнети со овие работи и за секој удар човекот има свој одговор – не треба да се плашите од неволји, без оглед на тоа какви биле тие. Сè е подложно на промени.“

Секој живот нема прецизна смисла, но секој може да ја пронајде

Кога Фројд го прашале што е смислата на животот, тој рекол: „Во ништо и во сè. Изразот „смисла на животот“ не постои и не би требало да ги фрла луѓето во очај, како што обично се случува. Секоја личност е слободна за да му подари смисла на животот, од проучување на ѕвездите, до уживање. Малку луѓе сфаќаат дека силата на личноста лежи во фактот дека може да се оттргне од својата животинска смисла на постоењето (да преживее) и да му даде смисла на она што го сака.“

Никој не може да ви донесе среќа освен вие самите

„Знаете ли зошто луѓето се разочаруваат од други луѓе? Им даваат моќ над нивните животи. На седумнаесет години велат: „Ова е љубовта на мојот живот, ќе бидам среќен!“ Потоа, нешто подоцна велат: „Ми ги украде најубавите години од животот!“ Тоа е затоа што сме навикнати на другите да им даваме моќ над нашите животи. Велиме: „Цел живот го посветив на децата, а сега ме заборавија“, „Пријателите ми го свртија грбот“. Од некоја причина мислиме дека некој ќе ни помогне да живееме посреќни и потоа сигурно се разочаруваме.“

Фројде велел: „Не копнееме за вистината во своите животи, ја сакаме илузијата дека некој или нешто може да го подобри: времето, луѓето, политичарите – што и да е, но не и ние! Постојано имаме побарувања и се лутиме на другите, но никогаш на себе. Време е луѓето да сфатат дека треба да престанат да го предаваат своето расположение и живот во рацете на оние кои не се снаоѓаат сами со себе. Ние не сме половини, ние сме интегрална целина по природа! Ако се чувствувате како „половина“, тоа е само знак дека морате сами да се направите целосна личност.“