Фрли ги нашите слики, на нив не сме ние, туку спомените за нас

Фрли ги нашите стари слики. Не сме ние на нив, туку некој кој нам ни е драг и познат: нашиот мост од едно во сосема друго битие.

 Во моментот штом се навикнеме на себе, веќе сме странци. Дали сме ова ние, или тоа се само нашите можности.

Дојди да седнеш и да испиеш со мене барем еден литар далечина. Ајде малку да се потсетиме што се случи пред многу време. Од нашите уши никнуваат гранки. Нека процветаат. Ние сме повеќе пролет отколку самата пролет. Фонтана од млеко и мермер.

Еј, јас! Земи ме, но не со тебе, туку со мене.

Фрли ги нашите стари слики. Не сме ние на нив, тоа се спомените за нас.

Мика Антиќ